
Скопското јавно сообраќајно претпријатие ЈСП обајви во вторникот дека од неодамна целосно функционална е мобилната апликација „Скопска“ која претставува замена за неперсонализираната електронска картичка „Скопска“, и оти практично станува збор за виртуелна автобуска карта.
Апликацијата е достапна за корисници на „смарт“ мобилни телефони со Android или IOS оперативен систем.
Нуди низа поволности, меѓу кои основните за електронско купување и валидирање на билет, а располага и со алатки (возен ред, мапа на постојки, рута на планирање и друго) кои во голема мера го олеснуваат користењето на јавниот превоз.
Во изминативе неколку месеци, апликацијата ги мина сите фази на тестирање и очекуваме дека нејзините корисници нема да се соочат со проблеми од техничка природа, а во спротивно можат да пријават проблем и слично на [email protected].
„Ја создадовме аликацијата водејќи се со паролата ‘Биди во чекор со дигиталниот свет’, а како уште една дополнителна поволност за побрзо и поквалитетно користење на услугите на јавниот превоз во градот“, се наведува во соопштението за корисниците од ЈСП.
И натаму корисниците на јавниот превоз билет можат да купат/валидираат со електронска картичка „Скопска“, со опцијата Mobipay (мобилно плаќање), а може да се купи и хартиен билет во билетарниците на ЈСП Скопје.