Целта на Русија е обединувањето на рускиот народ, вели Путин

Геополитичките опоненти сакаат да ја расцепат Русија преку украинската криза, додека целта на Москва е да го обедини рускиот народ, изјави во неделата рускиот претседател Владимир Путин во телевизиско интервју.

„Раздели и владеј – тие отсекогаш се обидувале да го сторат тоа, се обидуваат да направата тоа сега, но нашата цел е нешто друго – да го обединиме рускиот народ“, рече Путин во инсерт од интервјуто кој во неделата новинарот Павел Зарубин го објави на Telegram.

Одговарајќи на прашањето дали во сегашната ситуација околу Украина и односите со Западот се приближува одредена „опасна линија“, Путин истакнува дека е уверен во исправноста на избраниот пат.

„Па, не мислам дека тоа е толку опасно. Мислам дека дејствуваме во исправната насока, ги штитиме нашите национални интереси, интересите на нашите граѓани, нашите луѓе. И едноставно немаме друг избор, освен да ги заштитиме нашите граѓани. Но, ние сме подготвени да преговараме со сите учесници во овој процес за некои прифатливи исходи, но тоа е нивна работа – ние не ги одбиваме преговорите, туку тие“, истакна претседателот на Русија.

Путин потенцира дека Русија секогаш настојувала да ги рши сите спорови по мирен пат, преку преговори.

„Но, за жал, токму другата страна се постави поинаку, почнаа, како што многупати кажав и сите го знаеме тоа, да спроведуваат тешки воени дејствија таму (Украина). Не еден или на друг начин, бевме принудени да застанеме во одбрана на луѓето коишто живеат на овие територии, моравме да го поддржиме изборот на жителите на Крим, сѐ започна со тоа“, вели Путин алудирајќи на превратот во Киев во 2014-та и двата референдума на мнозинското руско население на Крим со кој изгласаа враќање во составот на Русија од кој црноморскиот полуостров е одвоен во 1950-те години во тогашниот СССР.

Путин додаде дека Русија во украинската криза „не можеше да се однесува толку цинично како Западот“.

„Не можевме! Имаме поинаква филозофија, различен став кон животот и кон луѓето. Сега, доколку ги погледнете луѓето кои беа длабоко нурнати во моралните вредности на источното христијанство, западното христијанство, исламот, тие секогаш зборуваа дека имаме различни пристапи, генерално, во прв ред во материјалниот пристап и дефиницијата за успех во животот во материјалниот дел“. А кај во духовното….“, рече Путин.

Притоа рускиот претседател рече дека не бил изненаден што „некој се однесуваше поинаку од вистинскиот патриот“, бидејќи „во секое општество секогаш има луѓе кои, пред сѐ, размислуваат за своите лични интереси“.

„Да бидам искрен, особено не ги осудувам, секој човек има право на избор“, додаде Путин.

Посочи дека е убедени оти „99,9 отсто од Русите се подготвени да стават сѐ во интерес на својата татковина“, а тоа го убедува дека „Русија е посебна земја и оти тука живеат посебни луѓе“.

Во истото интервју, од кое исечоци се поставени на апликацијата Telegram, рускиот претседател рече дека Москва е подготвена да разговара со сите страни вклучени во војната во Украина, но дека Киев и неговите западни поддржувачи ги одбија преговорите.

„Подготвени сме да преговараме со сите вклучени за прифатливи решенија, но тоа зависи од нив. Не сме ние тие што одбиваат да преговараат, туку тие“, вели Путин во интервјуто за првиот канал за руската јавна телевизија.