Најпопуларната криптовалута во светот, биткоинот (Bitcoin), во текот на тргувањето ја надмина својата досега максимална историска вредност од 49.000 американски долари.
Според податоците објавени на порталот CoinMarketCap во неделата, кој ја пресметува просечната цена според показателите од повеќе од 20 берзи, вредноста на биткоинот на пазарите се искачила на 49.143 долари. Тоа би претставувало раст на криптовалутата за 2,7 отсто.
На најголемата светска берза за размена на криптивалутите Binance, цената на биткоинот се зголемила за повеќе од 3 отсто, на 49.300 долари.
Активниот раст на вредноста на оваа криптовалута започна во понеделникот на 8-ми февраури, откако американскиот производител на електрични возила „Tesla“ на претприемачот Илон Маск, објави дека инвестира 1,5 милијарди во биткоинот. Тоа иницираше цената на криптовалутата да го пробие својот плафон од 8-ми јануари од 41.950 долари и два дена со ред ги уриваше рекордните нивоа.
Претходно, биткоинот својата најголема вредност дотогаш, повеќе од двојно пониска од сегашната, ја достигна во втората половина на ланскиот декември. Така, на 16-ти декемрви, критповалутата го достигна дотогаш своето историско рекордно ниво од 20.042 долари, кое беше достигнато од 2017 година.