Цената на природниот гас во Европа на отворањето на тргувањето во вторникот првпат во историјата ја надмина бариерата од 1.000 американски долари за илјада кубни метри, покажуваат податоците од специјализираната берза ICE Futures.
По објавата на овој податок, цената на октомвриските термински договори за испораки на холандскиот хаб TTF, најликвидниот европски хаб, порасна на 1.031,3 долари за илјада кубни метри гас, а вкупниот раст на цената од почетокот на денот надмина 11 отсто. Потоа цената на енергенсот падна и се стабилизираше на околу 1.000 долари за илјада кубни метри, но и натами остана на историските најввисокото ниво. Цената на фјучрсите на хабот TTF во еден момент достигна и 1.040 долари за илјади кубни метри.
Европскиот пазар на природен гас во првата половина од годината се соочи со одлив на течен природен гас (LNG) на азиско-пацифичкиот и јужноамериканскиот пазар, чиј удел во увозот падна од 41,5 на 31 отсто. Кочличински испораките на LNG во Европа во истиот период паднаа за 10,74 милијарди кубни метри или за 15,9 отсто.
Референтините европски цени последните седмици пробиваа рекордни нивоа и пораснаа за повеќе од 250 отсто годинава, што предивика зголемување на цените на енергијата и влијаеше на индустриите чиешто производство зависи од гасот. Во август цената на фјучерси за испораките на 1.000 кубни метри гас во октомври, според холандскиот TTF индекс, изнесуваше малку повеќе од 500 американски долари, а на 15-ти септемви надмина 960 долари.
Деновиве претседателот на управата на рускиот енергетски гигант „Газпром“, Алексеј Милер, изјави дека заостанувањето во пумпањето во подземните складишта во Европа и растечката побарувачка на гас довеле цените на енергенсот на континентот да соборува рекорди. Шефот на одделор за структурирање на договорите ви одредување на цените на гасот во „Газпром Експорт“, Сергеј Комлев истакна дека оспораките преку гасоводите од Русија во Европа во 2021 година биле на историските рекордни нивоа, а компанијата го зголемила производството на гасот за 18,4 отсто на годишно ниво.
Меѓународната агенција за енергија (IEA) и неколку пратенции во Европскиот парламент оценија дека „Газпром“ не прави доволно за да го зголеми количеството на гас за Европа во услови на енормно зголемување на цените, за што експертите сметаат дека се должи на испразнетите европски капацитети за складирање по минатогодишната голема потрошувачка поради студената зима. Меѓутоа од Москва повеќепати со податоци посочија дека „Газпром“ ги исполнува сите обврски во снабдувањето со гас и оти компанијата не може да го впумпа енергенсот во гасоводите пред тој да биде продаден, како и дека за испораките е потребен извесен период.