Цената на нафтата на 85 долари, зголеменото саудиско производство противтежа на санкциите на Иран

Цените на нафтата се стабилизираа на меѓународните пазари во средата на нивото од 85 долари, имајќи предвид дека саудиското објавување за зголемување на производството ја неутрализираше нервозата на пазарите поради скорешното стапување на сила на американските санкции за иранскиот нафтен сектор.

На лондонскиот пазар цената на барелот сурова нафта порасна за 20 центи во однос на претходното затворање на трговскиот ден на 85 долари. На американскиот пазар цената беше речиси непроменета и со барелот се тргуваше по 75,38 долари. Одвоено Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) вообичаено претпладнето објави дека цената на барелот на референтната кошничка нејзина нафта во вторникот изнесувала 83,28 долари, што значи дека пораснала за 1,80 долари во однос на претходниот трговски ден.

Пазарите се поткрепени од очекувањата дека американските санкции против иранскиот нафтен сектро, коишто стапуваат на сила на 4-ти ноември, ќе ги пренапрегнат капацитетите на другите големи произведувачи. Нивното влијание го неутрализираше денешаната изјава на саудискиот министер за енергетика, Калид ал-Фалих, дека Саудиска Арабија во октомври го зголемила производството на 10,7 милиони барели дневно, најавувајќи нејзино натамошно зголемување следниот месец.

Аналитичарот на швајцарската советодавна компанија „Petromatrix“, Оливие Жакоб, смета дека тоа нема побитно да ја промени ситуацијата на пазарот. „Саудијците и натаму се многу воздржани. Пазарот сака покрупни потези, затоа не реагира премногуи на медиумските наслови“, тврди аналитичарот за Reuters.

САД повторно бараа од OPEC и нејзините сојузници, како што е Русија, да го зголемат производсвото за да го запрат растот на цените на нафтата, но нивниот одговор досега беше воздржан. Претходно во средата неименувани извори на агенцијата Reuters рекле дека Русија Саудиска Арабија пред состанокот на OPEC со независните произведувачи надвор од картелот во Алжир, ги известиле САД за интерен договор за зголемување на снабдувањето.

Дополнително растот на цената на нафтата денеска го закочи и посилниот американски долар, валутата во којашто се изразува цената на енергенсот, кој ја намалува куповната моќ на поседувачите на другите валути, а со тоа изгледно и побарувачката на нафта.