Цената на нафтата падна на најниско ниво од март наваму 

Цената на нафтата падна на најниско ниво од март.

Суровата нафта „брент“ се тргуваше за 97,68 долари за барел, што е пад од 1,98 отсто од затворањето на претходната сесија.

Американската сурова нафта WTI денеска поевтини за 2,09 отсто на 94,29 долари за барел, откако во средата се затвори на тргување со 96,3 долари за барел.

Вчера на светските берзи, нафтата доживеа драстичен пад.