![Zaev-pad](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/10/Zaev-pad.jpg?resize=640%2C341&ssl=1)
СДСМ креираше буџетска дупка, цената за погрешните економски политики на Тевдовски ќе ја плаќаат граѓаните со повисоки давачки кон државата.
Граѓаните се вчудоневидени од секојдневното задолжување на владата на СДСМ, за период пократок од 5 месеци СДСМ ја задолжи Македони и потроши од девизните резерви 610 милиони евра. Само последното задолжување на владата е во висина од 70 милиони евра, капиталните проекти се стопираа, а Македонија навлегува во тежок период на рецесија.
Задолжувањето на Македонија без никакви капитални инвестиции создава ситуација каде граѓаните губат на две полиња истовремено. Факт е дека парите кои треба да ги враќаат идните генерации се трошат за непродуктивни трошоци кои немаат никаков поврат на средствата. Градежниот сектор е во контуиран пад, а сето тоа повлекува надолу голем број на производствени гранки тесно поврзани со градежништвото.
За штетните економски политики граѓаните нема да платат само со загубата на своите работни места од компаниите кои почнуваат да работат со загуба туку и со повисоки давачки кон државата. Буџетската дупка која СДСМ ја создаде ја пополнува секојдневно со нови задолженија, а сега планира товарот целосно да го префли на граѓаните преку зголемување на давачките кон државата.
Непопуларни економски мерки се на повидок налик оние во соседна Грција. Од следната година се очекува пораст на персоналниот данок, повисоки придонеси и зголемување на ддв за 2 до 3 проценти. Во услови на штедење, граѓаните во јавната администрација, пензионерите не можат да очекуваат повисоки плати и пензии кои цели 10 години бележеа континуиран раст. Целата економија е во една голема стега, инвеститорите беа навикнати на континуиран раст на економијата и реинвестирање на своите добивки во проширување на своите производствени капацитети.
За многу кус период економските процеси во Македонија се завртеа за 180 степени и тргнаа во сосема погрешен правец. Сега дополнителен товар на потрошувачите како и на фирмите ќе бидат зголемените давачки кон државата кои можат да ја продлабочат рецесијата и да ја донесат македонската економија на работ на пропаст и депресија.
Бизнис секторот остро ја критикува новата влада и повикува на поголема транспарентност за да можат политиките на своите компании да ги приспособат на фискалната политика на државата која за период од 10 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ беше стабилна со фокус на економски раст поткрепен од капитални инвестиции како и директни странски инвестиции.
Популистичката политика која ја води СДСМ каде наместо да го потикне растот на економијата и со тоа да го подобри животниот страндард на граѓаните таа директно се вмешува во бизнис секторот како примерот со минималната плата е налик поговорката ,,Дај му на човек риба ќе јаде еден ден, научи го да лови риба ќе јаде цел живот’’.
Со тоа СДСМ ги прави граѓаните зависни од државата, од владеачката партија и купува гласови, а притоа воспоставува неодржливе економски модел. Дополнителен поразителен податок е оној за намалување на просечната плата за 0.7 проценти и покрај најавениот закон за зголемување на минималната плата преку субвенционирање од страна на државата.
Цената како и секогаш на на лошите политики на една влада ќе ја плаќаат граѓаните, а нај погодени ќе бидат социјално ранливите категории на граѓани во Македонија.