Цени и од 20 евра: Од наредната недела нови авиолинии на „Визер“

По цени од 20 евра до Малме и Милано ќе се лета од понеделник.

Директните авиолинии до шведскиот град Малме и градот на модата Милано стартуваат за три дена.

Со овие авиолинии ќе оперира Визер а покрај тоа што станува збор за нискобуџетни летови, билетите ќе бидат уште поевтини, затоа што се работи за нивно субвенционирање, откако „Виз ер“ го доби новиот оглас на Министерството за транспорт и врски, а услов да се добијат петте милиони евра во наредните три години беше воведувањето на нови линии, особено од Охрид.

Од „Виз ер“ денеска објавија дека во јули ќе биде донесен и уште еден петти авион.