Цените на гасот во Германија ќе бидат високи најмалку уште една година

Германските потрошувачи ќе плаќаат високи цени за гасот уште најмалку една година, а решението е во инфраструктурата за течен га, изјави министерот за економија Роберт Хабек.

„Ќе мораме да ги издржиме повисоките цени и во следната година“, изјави министерот Хабек за германската новинска агенција DPA.

Цените би требало да се спуштат дури пред крајот на 2023 година, кога би требало да биде довршена инфраструктурата неопходна за замена рускиот гас, но не под нивото од 2021 година, предупредува Хабек.

Според него, таа инфраструктура дополнително треба да биде проширена за прием на секогаш поскапиот течен, па и за неколкукратно повеќе од гасот кој беше увезуван преку гасоводот Северен тек 1.

„Цените се високи затоа што (рускиот претседател Владимир) Путин) го запре снабдувањето коешто сочинуваше половина од германската потрошувачка, а немавме инфраструктура за снабдување освен гасоводот“, тврди Хабек.

Меѓутоа, цените на гасот започнаа да растат уште есента 2021 година поради бројни фактори на пазарите, како решението на ЕУ гасот да не се набавува со долгогодишни договори туку да се набавува на берза, како и грешките со испразнувањето на подземните складишта во Европа кога по постпандемиското отворање на економиите европските земји ги предадоа своите резерви на поскапите пазари во Азија и Америка, а по кусото стабилизирање почнаа повторно вртоглаво да растат по намалувањето на испораките од Русија поради западните санкции воведени поради нејзината војна во Украина.

Евтиниот руски гас според долгорочните договори што придонесе за економскиот раст на Германија како најголема економија во Европа, пристигнуваше преку гасоводот Северен тек 1 по дното на Балтичкото Море. Но гасоводот, како и суспендираниот паралелен Северен тек 2, беа уништени во диверзии кон крајот на септември.

Европските влади тврдат дека причината е саботажа и започнаа истраги. Германија, Данска и Шведска ги завршија истрагите кои ги потврдиле таквите сомневања, но одбиваат да ги соопштат резултатите и да го именуваат сторителот, повикувајќи се на националната безбедност.

Гасот пристигнува во Европа сѐ уште и преку гасоводот од Русија преку Украина, но Киев блокираше една од двете транзитни точки, тврдејќи дека наводно енергенсот се пренасочува кон отцепените региони, што е невозможно кога е познато дека контрилната точка е под контрола на нејзината војска. Москва, пак, имајќи ги предвид неколкуте „гасни војни“ со Украина минатите две децении, го обвини Киев дека повторни ги поткраднува испораките на гасот за Европа.

Германија во меѓувреме тргна во потрага по алтернативни извори на енергенси, во прв ред на течен гас. Но се јавија проблеми со локациите за поставување на платформите, а Берлин се жали дека американските испорачувачи го продаваат енергенсот по неколкукратно повисоки цени.

„Доколку инфраструктурата ја шириме со сегашното темпо, повторно ќе ја поврземе Германија со светскиот пазар и ќе имаме глобални пазарни цени, многу пониски од оние коишто во моментов ги плаќаме“, тврди министерот Хабек.