Од ноќеска на полноќ цените на горивата остануваат исти, како и во претходните две недели, е најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика.
Па така, цената на бензинот Еуросупер БС-95 останува 78 денари за литар, додека цената на Еуросупер БС-98 ќе чини како и досега 79,50 денари. Цената на Еуродизелот останува иста како и во претходните две недели, па на бензинските пумпи ќе се точи по 69 денари.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 денари за литар и ќе чини 57,50 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,795 денари за килограм и ќе изнесува 40,881 денари за килограм.