Цените на маслиновото масло поради топлотните бранови во Европа кои влијаат врз производството особено во Шпанија, би можело да порасната за 25 отсто во следните три до четири месеци, предупредува водечкиот шпански извозник „Acisur“.
Директорот за извоз во оваа компанија, Мигуел Колменеро, смета дек цените на маслиновото масло би можело да пораснат за 20 до 25 отсто.
Шпанското производство изнесува речиси половина од светското маслиново масло. Но оваа земја, како и другите предели во западна Европа каде се произведува маслиновото масло, вклучително и Италија и Португалија, последните седмици се зафатени со екстремно високи температури и суша.
Компанијата „Acesur“ е вклучена во производството на повеќе од 200.000 тони маслиново масло годишно, од околу 1,4 милиони тони коишто годишно се произведуваат во Шпанија, а своите производи ги пласира во повеќе од сто земји во светот.
Повеќето маслинки во своите производи ги одгледува во Андалузија, на југот на Шпанија, која ја имала многу малку врнежи последните седмици. Кломенеро вели дека влијанието на топлотниот бран врз производството е „драстичен“.
Минатата 2021 година Шпанија произвела 1,4 милиони тони маслиново масло, но Колменеро предупредува дека за оваа сезона прогнозира само милион тони, а сувото време би можело да влијае и на родот следната сезона доколку на долговечните маслинки не им израснат нови гранки.
Тоа ќе има влијание врз светските цени. Во јуни референтната цена на „Mintec“ за екстра ладно цеденото маслиново масло пораснала на највисокото ново досега годинава, за 7,3 отсто во однос на јуни и за 14,2 отсто во однос на јули минатата 2021 година.
Колменеро смета дека тоа на крајот ќе се прелее врз потрошувачите, иако со доцнење од три до четири месеци, бидејќи многу компании веќе потпишале договори со трговците на 12 месеци.
Според компанијата за истражување на малопродажбата „Assosia“, просечната цена на маслиновото масло на сопствените стокови марки во четирите најголеми британски синџири супермаркети пораснала за 50,2 отсто во однос на ланскиот август. Од јуни до јули просечните цени пораснале за 28,5 отсто.
Меѓутоа, доколку продолжи сувото време, цените би можело дополнително да се зголемат, сметаат аналитичарката на пазарите за „Mintec“, Роксана Никоро.
Додава дека, сепак, доколку договорот за извоз на житарки од Украина ги зголеми испораките на сончогледово масло од оваа земја, тоа „би можело да донесе одредено олеснување“. Украина, имено, се смета за најголем светски извозник на сончогледово масло.
Прекинот на снабдувањето со сончогледовото масло од Украина придонесе за зголемување на цените, бидејќи потрошувачите се свртеа кон маслиновото масло како алтернатива, зголемувајќи ја побарувачката.