Цените на нафтата се задржаа во вторник на меѓународните пазари над 75 долари во пресрет на исходот од неизвесните претседателски избори во САД.
На лондонскиот пазар цената на барелот попладнево беше повисока за 45 центи од вчерашното затворање на тргувањето и изнесуваше 75,53 долари. Вчера го затвори тргувањето со добивка од 1,98 долари.
На американскиот пазар барелот денеска се тргуваше по 47 центи повисока цена, по 71,94 долари. Вчера, исто така, ја затвори трговијата до 1,98 долари.
Засебно Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) објави дека во понеделникот цената на барелот од референтната нафте кошница на нејзините членки се зголеми за 1,62 долари, на 74,02 долари.
На почетокот од седмицата цените скокнаа откако група водечки производители во Организацијата на земјите извознички на нафта и нивните сојузници големи независни производители предвоени од Русија позанти како OPEC+ го одложија планираното зголемување на понудата за еден месец, до почетокот на следната година.
Во вторникот вниманието се насочи кон неизвесниот исход од претседателските избори во САД. Анкетите во моментов покажуваат „мртва трка“ меѓу републиканскиот кандидат Доналд Трамп и демократската кандидатка Камала Харис.
„Евентуалното одложување на објавувањето на изборните резултати или нивното оспорување може да претставува краткорочен ризик за пазарите во целина или дури и пониски цени за подолг временски период“, посочува Јеап Џун Ронг од IG.
Инвеститорите не се наклонети на ризик во бурната седмици која го вклучува состанокот на американската централна банка, покрај изборите во САД и годишната сесија на Националниот народен конгрес на Кина, додаде Јеап.
Кина е во фокусот на деталите за фискалните стимулации кои би можеле да ги подобрат изгледите за побарувачката на енергија, објаснува натаму аналитичарот на IG, но има мали шанси за големи потези на пазарот пред објавувањето на резултатите од изборите во САД.
Иран во понеделникот објави дека има намера да го зголеми производството за 250.000 барели дневно, а САД се подготвуваат за уште еден ураган што би можел да го намали производството во Мексиканскиот залив за околу четири милиони барели, проценуваат експертите.