Цените на нафтата се задржаа над нивото од 83 долари во четвртокот на меѓународните пазари, балансирајќи меѓу проценките дека американската централна банка нема да брза да ги намали каматните стапки и шпекулациите дека главните производители ќе ја ограничат понудата до средината на годината.
На лондонскиот пазар во поладневното тргување цената на барелот за испорака во април беше речиси непроменета во однос на вчерашното затворање на трговијата и изнесуваше 83,55 долари. Позначителни промени немаше и кај барелите со датум на испорака во мај, со кои поактивно се тргуваше, по цена од 81,96 долари.
И на американскиот пазар барелот остана на нивото од вчерашното затворање со цена од 78,58 долари.
Одделно, Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) објави дека барелoт од референтната нафтена кошница на нејзините членки поевтинил за 20 центи на 82,02 долари во средата.
Трговците беа загрижени оваа седмица од сигналите од американската централна банка (Federal Reserva – Fed) дека нема да брзаат да ги намалат каматните стапки и дека можат да ги олеснат условите за финансирање дури кон крајот на пролетта.
Извештајот на Министерството за трговија покажа дека индексот на цените на потрошувачките добра и услуги, кој Fed го смета за сигурен показател за инфлација и клучен фактор во одлуките за каматните стапки, се зголемил во јануари со исто темпо како на крајот од 2023 година, сигнализирајќи тврокорна инфлација.
Новите податоци ги потврдија проценките на некои аналитичари дека Fed може да го одложи намалувањето на каматните стапки за три месецa, до јуни, забележува Reuters.
Централните банки на многу големи западни земји ги зголемија каматните стапки за да ја ограничат инфлацијата, но поскапото задолжување има тенденција да ја кочи економската активност, а со тоа и побарувачката на нафта.
Во четвртокот, кочница на цените на нафтата стави и извештајот на американската влада кој покажа раст на залихите на сурова нафта минатата седмици за дури 4,2 милиони барели, посилен од очекуваното.
Цените се поддржани од шпекулациите дека OPEC и нејзините сојузници независни големи изозници предводени од Русија, каретлот познат како OPEC+, ќе го продолжат договорот за намалување на понудата во март.