Цените на нафтата паднаа кон 77 долари, фокусот е на монетарната политика

Цените на нафтата паднаа во петокот на меѓународните пазари кон 77 долари под притисок на загриженоста на трговците за кинеската побарувачка и стравувањата дека централните банки на водечките економии би можеле да го одложат олеснувањето на условите за финансирање.

На лондонскиот пазар цената на барелот попладнето беше пониска за 1,40 долари во однос на затворањето на тргувањето во четрврткот и изнесуваше 77,30 долари. Вчера ја затвори трговијата во минус 1,85 долари. На американскиот пазар барелот денеска се тргуваше по пониска цена од 1,59 долари, од 72,23 долари. Вчера го затвори тргувањето со загуба од 2,03 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) засебно објави дека во четвртокот барел од реферернтната нафтена кошничка на нејзините членки падна за 2,53 долари, на 80,46 долари.

Пазарите во четвртокот ги потресе затворањето на големата рафинерија во САД која преработува 435.000 барели дневно, поради проблеми во снабдувањето со електрична енергија.

Во петокот вниманието повторно се насочи кон монетарната политика на водечките економии. Трговците проценуваат кога централните банки би можеле да ги намалат каматните стапки, што би ја поттикнало економијата и побарувачката за нафта.

Американската централна банка ги задржа каматните стапки во опсег од 5,25 до 5,50 отсто оваа седмица, а претседателот Џером Пауел во средата рече дека ќе започне да ги намалува во наредните месеци. На крајот од седмицата, инвеститорите стравуваа дека Fed може да ја одложи таа одлука откако извештајот на Министерството за труд покажа стабилно темпо на вработување во јануари.

И претставник на Европската централна банка (ECB) во петокот рече дека не треба да брзаат со намалување на каматните стапки.

На почетокот од седмицата, пазарите ги вознемир судската одлука во Хонгконг за ликвидација на презадолжената кинеска фирма за недвижности „Evergrande“. Градежниот сектор сочинува околу една четвртина од кинескиот БДП, така што продлабочувањето на кризата на пазарот на недвижности може да ја намали економската активност и побарувачката за нафта.

На крајот на неделата, стравувањата беа продлабочени со оценката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ – IMF) дека економскиот раст на Кина ќе забави на 4,6 отсто оваа година и на околу 3,5 отсто во просек до 2028 година.