Цените на нафтата на меѓународните пазари во понеделникот се спуштија под 90 долари за барел, под притисокот од очекувањата за послаба побарувачка и посилниот американскиот долар пред многу веројатното ново значително зголемување подигнување на каматните во САД.
На лондонскиот пазар цената на барелот во попладневното тргување беше пониска за 1,9 долари отколку на затворањето на тргувањето минатата седмица и изнесуваше 89,45 долари. На американскиот пазар со барелот се тргуваше по 2,57 долари пониска цена, од 82,54 долари.
Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) одвоено денеска објави дека барелот кошница референтна нафта на нејзините членки во петокот поевтинил за 1,80 долари, на 95,70 долари.
Тргувањето денеска е ограничено поради погребот на британската кралица Елизабета Втора, а трговците се фокусирани на американската централна банка Federal Reserve (Fed), којашто седмицава сигурно ќе ги подигне клучните каматни стапки, можеби цел процентен поен, за да се скроти рекордната инфлација во последните повеќе децении. Во август потрошувачките цени во САД биле повисоки за 8,3 отсто во однос на истиот период минатата година.
Повисоките каматни стапки би значело повисоки трошоци за задолжувањето и послаби економски активности и побарувачката на нафтата, но и поддршка за доларот кој се задржа близу највисокото ниво во две децении, што значи послаба куповна моќ на купувачите на нафтата со други валути.
„Цените ги закочи претстојната седница на Fed и силниот долар“, заклучува Тамаш Варга од PVM.
Побарувачката веќе извесно време ги загрижува пазарите, особено откако Меѓународната агенција за енергија (IEA) минатата седмица процени дека во четвртиот квартал годинава би можела да стагнира.
Кочница за цените беа и надежите дека кризата со снабдувањето со гас во Европа би можела да биде ублажена, откако купувачите во Германија без никакво сигнал утрото објавија на своите интернет страници дека резервирале испораки на руски гас преку Северен тек 1, но веќе околу пладнето беа избришани податоците за наводните резервации на испораките.
Снабдувањето со руски енергенси е доведена во прашање откако Западот донесе невидени во историјата сеопфатни санкции против Русија поради војната во Украина, и се откажуваат од руските енергенси. Европската унија се подготвува и за воведување ембарго на увозот на руската нафта и дериватите, а Г7 сака да ја ограничи цената на нафтата од Русија, што може да значи повлекување на руските барели од пазарот а кои во моментов никој не може да ги надомести.
„Над пазарот и натаму се надвива сенката на стапувањето на сила на европските санкции на руската нафта. Снабдувањето на почетокот од декември ќе биде ограничено, а малку е веројатно дека американските производители брзо ќе реагираат и ќе осигураат замена“ на руските барели, наведуваа аналитичарите од ANZ.