Цените на угостителските услуги во март оваа година, во споредба со претходниот месец, останаа на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Цените на угостителските услуги во март оваа година, во однос на истиот период лани, се намалени за 0,1 отсто.
Кумулативно, цените на услугите во периодот од јануари до март оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 0,1 отсто, додека во однос на декември минатата година е зголемен за 0,2 отсто.