Цените на угостителските услуги во февруари оваа година година, во споредба со претходниот месец, останаа на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Цените на угостителските услуги во февруари оваа година, во однос на истиот месец од претходната година, се намалени за 0,1 отсто.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – февруари оваа година, во однос на истиот период од минатата година, е намален за 0,1 отсто, додека во однос на декември 2013 година е зголемен за 0,2 отсто.