Чарлс Трети официјално ќе биде прогласен за крал во сабота

Кралот Чарлс Трети официјално ќе биде прогласен за нов британски монарх на состанокот на Советот за наследување на тронот во дворецот Сент Џејмс во саботата, соопшти Бакингемскиот дворец.

На седницата на споменатиот совет се прогласува новиот монарх кој ја потпишува заклетвата дека ќе ја брани безбедноста на Шкотската црква.

Советот за наследување на тронот е церемонијално тело коешто се состанува во Лондон по смртта на монархот за формално да го прогласи наследникот на тронот.

Со законот донесе во 1701 година уредено е дека новиот монарх го наследува монархот автоматски, а со прокламација на Советот само се потврдува името и идентитетот на новиот крал и официјално се објавува кое име ќе го носи.

Од балконот на дворецот Сент Џејмс во 11 часот ќе биде објавени прогласувањето на кралот, а потоа тоа ќе биде сторено и на други меса во кралството и во Лондон.

Британскиот крал го напушти во петокот дворецот Балморал, каде што тој и другите членови на кралското семејство се собраа по смртта на неговата мајка кралицата Елизабета Втора во четвртокот.

Агенцијата Reuters објави фотографија со 73-годишниот монарх на задното седиште од неговиот автомобил, со неговата сопруга а се кралицата сопруга Камила на предното седиште крај возачот.

Се очекува дека новиот крај ќе се обрати во јавноста во земјата првпат околу 18 часот по локално време во петокот.

Британската премиерка Лиз Трас, којашто со кралот Чарлс Трети, разговарала во четвртокот вечерта, изјави во петокот во парламентот дека тој има јасно чувство на должност и служба, дури додека ја оплакува смртта на својата мајка кралицата Елизабета Втора.