
Турција ќе преземе мерки доколку САД направат непријателски чекори против неа, изјави денеска шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу.
Во изјавата за турската ТВ станица А Хабер, Чавушоглу рече дека Турција е отворена за алтернативна набавка на американски борбени авиони Ф-35, вклучувајќи и набавка на руски авиони, доколку биде суспендирана од таа програма поради купувањето на системи С-400.
Анкара и Вашингтон се во спор околу турската набавка на рускиот систем С-400, за кој САД тврдат дека не е компатибилен со НАТО системите и претставува закана за програмата на развој на американскиот „невидлив“ борбен авион Ф-35, кој го развива корпорацијата Локхед Мартин.