Се очекува британската министерка за надворешни работи Лиз Трас во февраури да ја посети Москва поради разговори со рускиот колега по должност Сергеј Лавров, извести во саботата агенцијата РИА повикувајќи се ан дипломатски извори.
Планираната посета доаѓа среде ексалациите на тензиите меѓу Русија и Западот околу Украина. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Ентони Блинкен претходно седмицава не направија никакви придвижување по тоа прашање, но се согласија дека разговорите треба да продолжат за да се направи обид за решавање на кризата коај во светот ги поттикне стравувањата од можен голем воени конфликт, кој лесно би можел да прерасне и во глобален судир.
„Британската министерка за надворешни работи побара да ѝ се пружи можност за посета на Москва каде би разговарала со Лавров. Москва се согласи на посета во февраури“, го цитира РИА својот неименуван соговорник.
Руското министерство за надворешни работи не одговорило веднаш на барањето за коментар од Reuters, а британското министерство за надворешни работи одбило да ја коментира информацијата.
Но висок извор од британското министерство за одбрана претходно за Reuters во саботата рекол дека и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу се согласил на разговори во Москва со својот британски колега Бен Валас. Шојги во петокот го поканил Валас во Москва, а британскиот министер за одбрана претходно оваа седмица му упати слична покана на рускиот колега за посета на Лондон за разговори околу ескалацијата на тензиите.
„Министерот за одбрана е задоволен што Русија ги прифати повикот на разговор. Имајќи предвиде дека последните билатерални преговори по прашањата од одбраната меѓу нашите две земји се одржани во 2013 година во Лондон, рускиот минисер за одбрана Сергеј Шојгу понудил состанокот да се одржи во Москва. Рече дека ќе се обиде да ги истражи сите начини за да се овозможи постигнување стабилнсот и решевање на украинската криза“, рекол соговориникот додавајќи дека сѐ уште не е потврдено времето на средбата.
Велика Британија и нејзините сојузници во НАТО предводени од САД изразија „длабока загриженсот“ поради наводното трупање на руски воени единици на границата со Украина и ја предупредија Москва на „сериозни економски последици“ доколку тие сили ја минат границита.
Русија од своја страна посочува дека подолг период Западот ја вооружува Украина со офанзивно оружје и дека Киев трупа единици на линијата на раздвојување со одметнатите по прератот од 2014 година региони во областа Донбас, доминантно населени со руско и рускојазично население и оти се подготува за воено решение на конфликтот.
Лондон во понеделникот потврди дека на Украина, којашто не е членка на НАТО, започнала да испраќа мобилни противтенковски системи и илјадници ракети, како и воени инструктори, чијашто намена е борба во урбани средини за наводно да ѝ помогне во одбрана од наводната можна руска агресија што Москва го отфрла како опција.