Челниците на Г20 ја одобрија реформата на меѓународниот даночен систем

G20 summit in Rome, 30 October 2021. EPA/Roberto Monaldo/LaPresse / POOL

Претседателите на државите и владите на дваесетте најсилни економии во светот од групата Г20 го одобрија во саботата историскиот договор за реформите во меѓународниот даночен систем со кој би требало да се стави крај на даночните засолништа со воведување на минималниот корпоративен данок од 15 отсто на добивката на мултинационалните компании.

„Денеска сите претседатели на земјите од Г20 го одобрија историскиот договор за новите меѓународни даночнки прописи, па така и за минамалниот меѓународен данок, кој ќе го прекине натпреварувањето во намалувањето на даноците кога станува збор за оданочувањата на компаниите“, наведе во писмена изјава американската министерка за финансии Џенет Јелен, поранешна претседателка на американската централна банка Federal Reserve (Fed).

Новите прописи би требало да стапат на сила во 2023 година, а официјално тоа ќе биде потврдено во завршната заедничка изјава на Г20 во недела, соопштија извори запознаени со текот на дискусиите во Рим.

Договорот на почетокот од октомври го постигнаа 136 земји кои сочинуваат повеќе од 90 отсто од светскиот бруто домашен производ (БДП), под покровителство на Организацијата за економска соработка и развој (OECD). Реформата треба да овозможи земјите благодарејќи на овој минимален данок да остварат дополнителна заработка од вкупно околу 150 милијарди долари.

Суштината на дел од договорот е во тоа што дел од данокот на добивката мултинационалните компани го плаќаат во земјата во којашто ја остваруваат добивката. Значи данокот повеќе не би го плаќале во земјите во коишто се официјално регистрирани, а тоа се вообичаено оние со пониски даночни стапки.

Реформата на глобалниот даночен систем е насочена на компаниите коишто на глобално ниво остваруваат промет поголем од 20 милијарди евра и кај коишто рентабилноста е поголема од 10 отсто. Овој праг по седум години би можело да биде спуштен на 10 милијарди евра.

Задачата на оваа е реформа е да се спречи мултинационалните компании, особено технолошките гиганти препознатливи под акронимот GAFA, односно „Google“, „Amazon“, „Facebook“ и „Apple“, коишто извлекоа голема полза од пандемијата на коронавирусот, да плаќаат смешно мали даноци во однос на приходите.

Вториот дел од реформата е воведувањето на минималната даночна стапка од 15 отсто на добивката на мултинационалните компании. Државите сега ќе можат да го наплаќаат данокот од компаниите, дури и доколку платиле пониски даноци во други држави за да се надомести разликата.

Фактот што Ирска, Унгарија и Естонија, кои предлагаа десетгодишен преоден период, на почетокот на октомври во последен час му се приклучија на договорот, му овозможи на OECD да ги заврши преговорите токму во пресрет на самитот во Рим. Нивното придружување е многу важно, бидејќи Франција сака да го искористи своето претседавање со Европскиот совет од јануари 2022 година за да донесе европска уредба за минималниот данок за којашто е потребна едногласна одлука.