Лондонски Челзи се пласираше во финалето на Лигата на шампионите, откако во средата вечерта во реваншот на домашен терен со 2:0 го совлада Реал а првиот дуел во Мадрид заврши без победник со резултат 1:1.
Тимо Вернер во 18 и Мејсон Маунт во 85 минтуа беа стрелците за Челзи, кој на 29-ти мај во Истанбул ќе го игра англиското финале во Лигата на шампионите против Манчестер Сити.
За Челзи ова ќе биде третото финале во елитното континентално натпреварување, во кое досега само еднаш триумфираа во 2012 година, додека Реал Мадрид остана на рекордните 13 титули.
Челзи потполно заслужено го мина Реал во полуфиналето, боидејќи лондонскиот тим беше подобриот противник и во двата натпревара. Се чини дека играта на „Кралевите“ беше под нивото, поради одлуката на Зинедин Зидан во составот да ги стави штотуку закпрепнатите но недоволно подготвени играчи како Азар, Менди и Рамос. Од друга страна, доколку стрелците на лондонците беа малку поконцентрирани, а во вториот дел имаа дури пет чисти „зицери“, Реал можеше многу потешко да настрада на „Стенфорд Бриџ“.
Дуелот започна многу претпазливо од двете страни, имајќи го предвид резултатот од првиот дуел кој на домаќинот му даваше предност единствено доколку мечот завршеше без голови. Во првите 20-ина минути за одбележување беа обидите од далечина на Рудигер и Лука Модриќ. Во 27 минута правата вистинска шанса ја имаше Реал, кога топката дојде до Бензема кој од десетина метри биеше прецизно во самиот горен десен агол, но голманот Менди иако покриен од своите соиграчи чудесно одбрани.
Веќе во следната минута Челзио дојде до водство, а кратор на погодокот беше Канте кој одзема една топка и го прионајде Хаверз. Германскиот напаѓач се обиде да го лобува Тибо Куртоа, топката благо се одби од пречката за во мрежата ја внесе вториот Германец Тимо Вернер кој добро се постави во текот на нападот. Во 24 минута Модриќ нафрли до Бензема, а неговиот удар со глава повторно одлично го одбрани Менди.
На самиот почеток од второто полувреме Хаверц по вторпат ја погоди пречката, но овојпат со удар со глава. Во 53 минута Маунт по акцијата на Вернер излезе сам пред Куртоа и од одлична прилика шутираше далеку над голот.
Ревијата на промашување на стопроцентните шанси на Челзи продолжи во 59 инута кога повторно Гаверц излезе сам пред реаловиот голман, кој овојпат во пад го одбрани неговиот удар. Куртоа речиси на идентитечн начин спречи погодок и во 65 минута кога го одбрани ударот на Канте.
Големите промашувања, за среќа на Челзи, овојпат не го потврдија непишаното фубалско правило и не им се одмаздија на домашните, бидејќи во 85 минута резервата Пулишиќ нафрли за Маунт кој лесно го погоди празниот гостински гол. Реал во тој момент требаше да постигна два погодока во неколку минути, што имајќи ја предвид вечерашната претстава на неговите играчи беше невозожна мисија и крај на сонот за уште едно големо финале.