Фудбалскиот храм “Стемфорд Бриџ” денеска ќе биде домаќин на неделниот дерби натпревар од 22. коло во англиската Премиер лига, пресметката помеѓу се подобриот тим на Чезли и убедливо најголемото разгочарување во досегашниот тек од сезоната, актуелниот шампион Манчестер Јунајтед.
Лондонските “сини” важат за фаворит, а таквата улога доби уште повеќе на интензитет откако менаџерот на “црвените ѓаволи”, Дејвид Мојес потврди дека и на овој натпревар нема да може да смета на услугите на напаѓачкиот двоец, Робин ван Перси – Вејн Руни.
Голема борба и неизвесност до последниот судиски свиреж се очекува и на вториот неделен натпревар, дуелот во Кардиф помеѓу екипите на Свонси и Тотенхем.