Челзи го презема врвот во Премиер лигата

Фудбалерите на Челзи ја преземаа водечката позиција на табелата од англиското првенство откако во последниот натпревар до саботната програма на 11-то коло на својот „Стенфорд Бриџ“ со 3:1 го совладаа Лидс Јунајтед за кој повторно во првата постава настапи македонскиот репрезентативец Ерзџан Алиоски.

Натпреварот започна фантастично за гостите кои поведоа уште во 4 минута со голот на Патрик Бамфорд кој го заобиколи истрчаниот домашен голман Менди и потао гаѓаше во празниот гол. Сепак, до полувремето Челзи успеа да израмни со погодикот на Оливие Жиру кој нафрлвуањето на Џејсм го сврти во противничката мрежа. Во продолжението надмоќта „Сините“ ја ефектурираа преку Курт Зума во 61 и Кристијан Пулишич во третата минута од судиското продолжение.

Водечкиот Челзи сега има 22 бодови, еден повеќе од Тотенхем, кого во недела го очекува големото градско дерби против Арсенал, и Ливепрул кој ќе биде домаќин на Вулверхемптон.

Претходно во саботата Манчестер Јунајтед продолжи со низата гостински победи, а до петтиот триумф на гости во исто толку натпревари дојдоа во Лондон со победата на Вест Хем од 3:1 иако домашните на полувремето заслужено заминаа со предност.

Јунајтед во првиот дел имаше огромна предност во поседот на топката, но домашните беа многу поопасни особено во брзите противнапади, а водството го донесе Томаш Соучек во 38 минута кој по изведениот корнер од гол-линијата ја закова топката во мрежата. На полувремето во редовите на „Црвените ѓаволи“ дојде до очекуваните промени, Маркус Рашфорд влезе наместо Единсон Кавани, а Бруно Фернандеш го замени Дони ван де Бек и пресвртот следеше во само три минути кон средната на вториот дел. Откако домашните не реализираа колосална шанса, прво Пл Погба во 65 минута со прекраен удар од повеќе од 20 метри ја заврши брзата акција која со долг дегажман ја започна голманот Хендерсона, а потоа во 68 минута Мејсон Гринвуд со извонредна реакција во противничкиот шеснаесетник го доведе Јунајтед во водство. Победата на гостите ја потврди Рашфорд во 78 минута од контранапад.

Со оваа победа Манчестер Јунајтед скокна на четвртото место на табелата со 19 бодови, додека Вест Хем Јунајтед ја прекина серијата од три победи и„ падна моментално на седмото место со 17 бодови.

Претходно Манчестер Сити очекувано со 2:0 го победи на свој терен Фулам. „Граѓаните“ брзо ја решија оваа епизода во своја полза со головите на Рахим Стерлинг во 5 и Кевин Де Брујне во 26 минута од пенал.

Манчестер Сити сега е петти веднаш зад својот градски ривал со 18 бодови, односно бод помалку. Фулам, пак, остана на 17-то место со седум бодови и по комплитирањето на колото во недела може да падне во зоната на испаѓање.

Во првито саботен натпревар Евертон продолжи со слабите партии и одигра само 1:1 на гостувањето кај аутсајдерот Барнли. Роберт Брејди ги доведе домашните во водство во третата минута од натпреварот, а во третата минута од судиското продолжение на првото полувреме за гостите израмни Доминик Калверт-Лејвин.

По добриот старт на сезоната Евертон полека почна да паѓа на првенствената табела и сега е на 9-то место со 17 бодови, а Барнли е претпоследен 19-ти со шест бодови.