Саботните натпревари од 27. коло во англиската Премиер лига поминаа во знакот на среќниот триумф на Челзи, во убедливата победа на Арсенал и во трите бода кои најпосле ги освоија фудбалерите на Манчестер Јунајтед.Со среќниот погодок на Џон Тери и тоа во 93 минута, фудбалерите на Челзи забележаа минимална победа над одличниот тим на Евертон.
Бесот кој го чуствуваа после непријатниот пораз од Баерн (М) во Лигата на шампиони, фудбалерите на Арсенал го истурија врз екипата на Сандерленд кој последното гостување на “Емирати” ќе го памети по убедливиот пораз од 4:1.
Само минимална победа од 1:0 во дуелот против секогаш незгодниот тим на Стоук, забележа екипата на Манчестер Сити, додека градскиот ривал, Манчестер Јунајтед забележа сигурен триумф од 2:0 во дуелот поротив домашната екипа на Кристал Палас.
Од денешните натпревари, на хартија, најлесна задача би требало да има тимот на Ливерпул кој важи за апсолутен фаворит во првенствената пресметка против екипата на Свосни.
Резултати: Арсенал – Сандерленд 4-1, Манчестер С. – Стоук 1-0, Кардиф – Хал 0-4, ВБА – Фулам 1-1, Вест Хем – Саутемптон 3-1, Челси – Евертон 1-0, Кристал Палас – Манчестер Ј. 0:2.
Денеска на програмата: Ливерпул – Свосни, Норвич – Тотенхем, Њукасл – Астон Вила.