![celzi](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/11/celzi-1.jpg?resize=620%2C372&ssl=1)
Во дербито на 13-то коло на англиското фудбалско првенство Челзи и Манчестер Јунајтед во Лондон одиграа без победник 1:1, а претходно Манчестер Сити на домашен терен со 2:1 беше подобар од Вест Хем Јунатед.
На „Стенфорд Бриџ“ гостите поведоа преку Џејдон Санчо во 50 минута, а на голот му претходеше голема грешка на домашниот играч Жоргињо кој по корнерот на Челзи остана последниот играч во одбраната. Сепак Жоргињо се извади во 69 минута кога реализираше најстрога казна, кога во гостинскиот шеснаесетник Арон Ван-Бисака го собори Тиаго Силва. Инаку, Кристијано Роналдо не беше во првата постава на „Црвените ѓаволи“, туку во игра влезе во 63 минута.
Челзи и натаму води во Премиер лигата со 30 бодови, додека Манчестер Јунајтед, кој првпат во првенството го водеше привремениот тренер Мајкло Карик, е на осмото место со 18 бодови.
Вест Хем на „Итеихед“ му пружи солиден отпор на Манчестер Сити, кој по снежно време до победата дојде со погодоците на Илкај Гундоган во 33 минута и на Фернандињо во 90 минута. За добрата игра на Вест Хем да не биде незабележана се погрижи Мануел Ланѕини во четвртата минута од судиското продолжение со прекрасниот удар од 18-ина метри кој заврши во самиот лев горен агол од голот на Едерсон.
Манчестер Сити со новите три бода дојде до 29, и има само бод помалку од водечкиот Челзи, за колку што е во предност пред третопласираниот Ливерпул. Вест Хем остана четврти со 23 бодови колку што има и петтиот Арсенал.
Лестер Сити пред своите навивачи со 4:2 го совлада Вотфорд. Џејмс Медисон ги доведе домашните во водство во 16 минута, а гостите изранија во 30 минута преку пеналот што го реализираше Џошуа Кинг. Но до полуврмето на сцена стапи најдобриот стрелец во историјата на Лестер, Џејми Варди кој со погодоците во 34 и 42 минута ја одведе својата екипа на сигурна предност. Емануел Бонавентуре во 61 минута ги врати надежите на Вотфорд, но Адемола Лукмен веќе во 68 минута го постави конечниот резултат.
Лестер Сити сега со 18 бодови е 10-ти, а пред него со ист број бодови се Брајтон и Манчестер Јунајтед, а два бода помалку имаат Кристал Палас, Бренфорд и Астон Вила. Вотфорд остана на 13 бодови на 16-то место четири бодови над зоната на испаѓање на лигата.
Брентфорд со голот од пенал на Ајван Тонеј во 24 минута го совлада Евертон. Брентфорд сега е 12-ти со 16 бодови, еден повеќе од 14-от Евертон.