Челзи сигурен, Јунејтед „проработе“ кај Евертон

Фудбалерите на Челзи во осмото коло од Премиер лигата на домашен терен со 4:1 го совладаа Шефилд Јунајтед, а Манчестер Јунајтед со 3:1 беше подобар од домашниот Евертон.

Во Лондон гостите поведоа уште во 9 минута кога гол со петица постигна Дејвид Мекголдрик. Челзи израмни преку Тами Абрахам кого со повратна топка го проигра Матео Ковчиќ, а до крајот на полувремето домашните и поведоа откако во 34 минута Хаким Зијех нафрли на втората статива, а Бен Чилвел. Зијех аститираше и за третиот погодок на Челзи, но овој пат од прекин, а неговиот центаршут од десната страна во мрежата го спроведе Тијаго Силва. Конечните 4:1 ги постави Тимо Вернер.

Челзи моментално е трет на табелата со 15 бодови од осим натпревари, колу што има и Лестер но со меч помалку. Шефилд и натаму останува последен 20-ти со само еден бод.

Кристал Палас со истиот резултат 4:1 дома го победи Лидс Јунајтед, за кој солидна партија пружи македонскиот репрезентативец Ерзан Алиоски кој во втората минута при резултат 1:3 од дистанца упати опасен удар кој мина крај стативата на домашниот гол. Кристал Палас првите два гола ги постигна од прекин. По корнер во 12 минута кој го изведе Еберичи Езе, стоперот Скот Дан со глава постигна погодок, а во 22 минута од слободен удар Езе зголеми на 2:0. Патриј Бамфорд во 27 минута намали на 1:2, но во 42 минута од една наизлгед неопасна ситуација пред голот на Лидс Хелдер Коста по нафрлување ја зафати топката и го измами сопствениот голман. Конечниот резултат во 70 минута го постави Џордан Ајев.

Ова беше втор последователен висок пораз со 1:4 на Лидс по домашниот пораз од Лестер во минатото коло. Лидс сега е 14-ти со 10 бодови, а Кристал Палас е седми со 13 бодови.

Во првиот натпревар од осмото коло Манчестер Јунајтед во Ливерпул со 3:1 славеше над Евертон. Поведоа домашнит во 19 минута преку Бернар, а по шест минути израмни Брино Фернандеш, кој во 32 минута со својот втор погодок направи целосен пресврт. Победата на „Црвените ѓаволи“ ја потврди новото засилување од ПСЖ, Единсон Кавани во петтата минута од судиското продолжение.

Евертон по одличниот старт на сезоната започан со серија лоши резултати и падна на шестата позиција со 13 бодови, а Манчестер Јунајтед од седум натпревари има 10 бодови и е 14-то место.

Во последниот дуел во саботата Вест Хем со погодокот во првата минута од десетминутното судиско продолжение кој го постигна Томаш Соучек го совлада Фулам. Фулам можеше да израмни во осмата минута од судиското продолжение од пенал. Но напаѓачот на Фуклам, Адемола Лукма се реши за ткн „паненка“, но толку лошо го извед тоа што практично му ја додаде топката во рацете на домашниот голман Фабијански.

Вест Хем сега е 11-ти со 11 бодови, а Фулам е 17-ти со четири бодови.

Во првиот меч во петокот Саутемтон ја оствари петтата победа во последните шест првенствени натпревари со 2:0 го свлада Њукасл. Со победата Саутемтон е моментално во водство на табелата со 16 бодови, а Њукасл сега е 13-ти со 11 бодови.

И во недела на распоредот се четири меча: Вест Бромвич Албион – Тотенхем од 13 часот, Лестер Сити – Вулверхемптон од 15 часот, а од 17,30 часот се игра големото дерби меѓу Манчестер Сити и Ливерпул. Колото ќе го заокружи дуелот Арсенал – Астон Вила кој започнува во 20,15 часот.