Червар: Македонија живее за ракометот

червар

Металург вчеравечер го совлада Чеховски Медведи (31:24) и со пет победи и десет освоени бодови на 3.место ја заврши сезоната во Ц-групата од Лигата на шампионите.

Мислам дека заслуживме да бидеме трети во групата и според освоените бодови и според прикажаната игра. Ова е наш најдобар пласман во овие две години. Што се однесува до играта,  бевме трпеливи, брзо се одвоивме и, помалку или повеќе, во текот на целиот меч ние го диктиравме темпото. Ова е победа на тимот. Може некој да се истакне, но на крајот од сезоната во Лигата на шампионите, честитките одат на целиот тим . А честитки заслужува нашата публика. Македонија навистина живее за ракометот, рече Лино Червар на прес-конференцијата по натпреварот.

На дуелот со рускиот првак се осврна и пивотменот Жарко Пешевски.

По победата во СЕХА-лигата, против Загреб, се обидовме да останавме на земја, Цела недела се договаравме како со мирни глави да излеземе и да го добиеме мечот. Ако не победевме денеска ќе бевме последни и ќе немаше никаков напредок во однос на лани. Дадовме се од себе, а, како и секогаш, имавме огромна поддршка од нашата публика, ги оставивме срцата на терен и победивме“, изјави Жарко Пешевски.