Чешкиот парламент изгласа во петокот вечерта продолжување на вонредната состојба во земјата поради епидемијата на коронавирусот за уште две дополнителни седмици.
Со тоа, рестриктивните мерки ќе бидат на сила до 11-ти април. Чешкиот премиер Андреј Бабиш изјави дека се надева оти тоа би моќело да биде последното „затворање“, но ги повика сонародниците да бидат трпеливи.
Чесите можат да го напуштат местото на живеење или на постојан престој само во исклучителни ситуации. Во петокот пратеници ја повикаа владата да ја укине оваа мерка најдоцна по католички Велигден. Исто така, ја повикаа владата да ја укине мерката за носење маски на отворени простори.
Ситуацијата со епидемијата на коронавирусот во Чешка се поправува, но многу полека и постпено. Во моментов инциденцата е 500 зарази на 100.000 жители во седумдневен период. Земјата која има 10,7 милиони жители од почетокот на пандемијата пријави 1,5 милиони заразени и 25.639 починати.