Чешка е последниот учесник на кошаркарскиот турнир на Игрите во Токио

Чешката кошаркарска репрезентација е последниот од 12-те учесници на олимпискиот турнир во Токио кој ќе се игра од 23-ти јули до 8-ми август, откако ноќта кон понеделникот убедливо со 97:72 (32:22, 18:21, 31:11, 16:18) ја совладаа Грција во финалниот дуел од квалификацискиот турнир во канадска Викторија.

Чешка, којашто претходно ја совлада и фаворизираната домашна селекција на Канада, до триумфот на предводена Патрик Ауда со 20 и Јан Весели со 16 коша, доека кај Грците најмногу покажа Јоргос Папајанис кој постигна 14 поени.

За Чешка ова ќе биде прв настап на Олимписките игри од раздружувањето на Словачка, а до него дојдоа и покрај тоа што беа прогласени за аусајдери во Викторија, во конкуренција на веќе реномираните селекции на Канада, Турција и Грција.

Чешка за малку ќе беше елиминирана уште во групата, во првиот меч беше поразена од Турција со 70:87, а во вториот одвај го доби Уругвај со 80:79. Вистинска драма се одвиваше во полуфиналето против Канада, кога Чесите на 52 секунди до крајот имаа водство од 92:82, но со неколку загубени топки и промашени слободни фрлања им овозможија на домашните со серија „тројки“ да израмнат на 94:94, Во дополнителните пет минути Канада поведе со 99:94, но Чешка неочекуван успеа да се консолидира и на крајот да слави со 103:101 со кошот на Томаш Саторански на 1,8 секунди пред крајот од продолжението.

Во финалето Чешка не дозволи нова драма и без проблеми ја надигра Грција.

Со тоа станаа познати сите учесници и состави на групи на олимпискиот турнир.

Куриозитете е што ниедна домашна селекција не победи на четирите квалификациски турнири: Канада во Викторија, Хрватска во Сплит, Србија во Белград и Литванија во Каунас. Покрај тоа, сите четири победници се европски селекции.

Состав на групите во Токио

Група А: Иран, Франција, САД, Чешка

Група Б: Австралија, Нигерија, Германија, Италија

Група Ц: Аргентина, Јапонија, Шпанија, Словенија.

Пласман во четвртфиналето ќе изборар двете првопласирани репрезентации од секоја група и уште две најдобри третопласирани селекции.