![FILES-IRELAND-HEALTH-VIRUS-VACCINE-ASTRAZENECA](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/03/astrazeneka-vakcina-1.jpg?resize=640%2C400&ssl=1)
Чешките власти ќе уништат 45.000 дози од вакцината против коронавирусот на англо-шведскиот производител „AstraZeneca“, потврди во неделата портпаролот на министерството за здравство Даниел Капл.
„Во октомври истекува рокот на 55.000 дози на вакцините на AstraZeneca и најголем дел од нив можеби ќе треба да се уништат, бидејќи законот не дозволува да се донираат (на трета страна)“, изјавил Капл.
Според него, околу 10.000 дози од вакцината ќе може да се искористата за довакцинирање на лицата кои претходно ја примиле првата доза, а доколку не бодат искористени преостанатите 45.000 дози „тие ќе мора да бидат уништени“.
Чесите, како што додал Капл, одбегнуваат да се имунизираат со вакцината на „AstraZeneca“. Досега во септември, имано, биле употребени само 800 дози од оваа вакцина. Претходно во септември, чешките здравствени власти поради истечен рок на траење уништија 20.000 дози од истата вакцина.
Според министерството за здравство, Чесите генерално го губат интересот за вакцинацијата против коронавирусот. Во текот на оваа недела во просек дневно биле вакцинирани 15.000 лица, додека на почетокто од август овој показател изнесува 50.000 луѓе на дена, а на почетокот од јули повеќе од 100.000 на дневно ниво.
Истовремено бројот хоспитализирани пациенти со коронавирус во Чешка речиси се удвоил во текот на минатата седмица, што јасно укажува на влошување на епидемиолошката ситуација во земјата. Министерот за здравство Адам Војтек пред неколку дена рече дека веројатно земјата е на удар на четвртиот бран на Covdi-19.
Поради ситуацијата, чешките власти редовно апелираат до сонародниците да се имунизираат против коронавирусот. Во моментов речиси 67 отсто од возрасните ги примиле двете дози.
Чешка меѓу првите земји во Европа и воопшто на 27-ми декември 2020 година ја започна масовната имунизација против Covid-19. Во земјата со 10,7 милиони жители досега потполно се вакцинирани 5.840.144 жители. Во земјата се користат вакцините вакцините произведени од американската компанија „Pfize“ и нејзиниот германски партнер „BioNTech“, како и на американските фирми „Moderna“ и „Johnson&Johnson“, додека запрена е набавката од „AstraZeneca“.
Од почетокот на пандемијата на коронавирусот, вкупниот број заразени достигна а 1.683.179, од кои досега оздравеле 1.649.142, а 30.413 пациенти починале од компликациите предизвикани од Covid-19.