Чешка го изгради најдолгиот висечки, пешачки мост во светот

Рекордно висечкиот пешачки мост треба да биде отворен во североисточниот дел на Чешка, блиску до полската граница. Тој ќе се пушти во употреба следниот месец и треба да им овозможи на планинарите кратенка низ облаците и прекрасен поглед помеѓу врвовите на планината Кралички Снежник, пренесува Алџазира.

Според чешките туристички претставници, мостот- Skybridge 721, е биде најдолгиот висечки пешачки мост во светот, кој ќе се протега на 721 метар помеѓу два планински срта. Мостот се наоѓа во близина на одморалиштето Долни Морава и ќе ја премостува долината Mlynicka udoli на височина од 95 метри.

Овој мост е изграден во близина на видиковецот Skywalk, платформа висока 55 метри од која може да се спушти со тобоган од 100 метри.

Зимското спортско и планинарско одморалиште Долни Морава се наоѓа на околу 200 километри источно од Прага, блиску до полската граница.