Чешка воведува полициски час

Чешката влада донесе одлука за воведување 7-дневен полициски час во земјата од утре до 3 ноември, од 21 до 5 часот наутро. Според одлуката, дополнително ќе се ограничи работата на продавниците за малопродажба.

Продавниците во малопродажба, кои продолжуваат да работат според сегашните ограничувања, мора да бидат затворени до 20 часот и во недела, со исклучок на бензинските пумпи и аптеките.

„Полицискиот час ќе биде во сила од 28 октомври до 3 ноември, од 21 до 5 часот наутро“, рече министерот за здравство, Роман Примула, по состанокот на владата, наведувајќи дека во исклучоците спаѓаат службени патувања и неопходни семејни посети.

Чешка викендов објави дека на дневна основа има 12.472 нови случаи на коронавирус, а 106 лица починаа како последица од Ковид-19.