Чешката влада се согласи да поднесе оставка по изборите, изјави во четвртокот премиерот Андреј Бабвиш, ветувајќи дека неговиот минситерски кабинет на заминување ќе продолжи со напорите за сузбивање на епидемијата на коронавирусот во земјата.
Бабиш информираше дека испратил писмо со остаква до претседателот Милош Земан кој е хоспитализиран од 10-ти октомври. Вообичаена практика во Чешка е премиерот на заминување лично да да го врачи таквото писмо, но поради здравствената состојба на шефот на државата, тоа е сторено посредно.
Сега, кога претседателот Земан откако ќе ја прифати оставката, ќе побара од владата во заминување да ја извршува својата дожност додека не биде именувана новата влада, што се очекува во следните седмции.
Партијата ANO на Бабиш на парламентарните избори на 8-ми и 9-ти октомври поединечно доби најмногу мандати, но двата блока на опозициските партии веќе се договорија за формирање влада која ќе најверојатно ќе ја предводи Петр Фиала. Претседателот Земан во вторникот побара од Фиала да ги води преговорите за формирање на новата влада.
Чешка, којашто има 10,7 жители, во четвртокот извести дека регистрирала 13.502 нови случаи на Covid-19, додека во болниците се лекуваат 3.452 пациенти со оваа коронавирусна болест. Некои од болцните, поради притисокот на ковид-пациентите, принудени се да ги прекинат сите медицински постапки кои не се итни.