Чешкиот премиер сака нуклеарни централи, подготвен да ги прекрши законите на ЕУ

Сигурното снабдување со енергенси е приоритет за Чешка и треба да горади нови нуклеарни централи, па и по цена на кршење на законите на Европската унија, изјавил премиерот Андреј Бабиш, пренесуваат медиумите во четвртокот.

„Морема да го сториме тоа, дури и доколку будеме присилени да ги прекршиме европските закони“, изјавил чешкиот премиер пред парламентарците во Прафга, пренесува новинската агенција ČTK.

„Сигорноста во снабдувањето со енергија е приоритет за Чешка“, додал Бабиш, а медиумите се поделени по прашањето дали милсел под европски прописи на процената на влијанието врз природната окоина, државна помош или нешто друго. „Градењето на новите нуклеарки требаше веќе да започне. Преспавме добар дел од времето кога станува збор за нуклеарна енергија“, додал Бабиш.

Чешка и натаму користи нуклеарна енергија за производство на струја и владата има намера до 2040 година да го зголеми уделот на овој извор во енергетската мишавина за 50 отсто.

Германија повеќепати ги критикуваше застарените нуклеарни центртали во соседната Чешка, тврдејќи дека не се безбедни. Претседателката на комисијата за природна средина во германскиот Бундестаг, пратеничката од Зелените, Силвија Котнг-Ухл, осто реагираше на изјавата не чешкиот премиер.

„Шокантно е челник на влада на членка на ЕУ отворено да најавува кршењето на законите“, рече Котинг-Ухл, повикувајќи ја владата во Берлин да се спротистави на градењето нови нуклеарни централи во Чешка, бидејќи би претставувале закана за Германија и за Европа.

Чешка има две нуклеарни централи, во Темелин и во Дуковани. Темелин од границата со Германија и Австрија е оддалечен само шеесетина километри.

Во анкетата спроведена во Чешка во 2015 година, само 9 отсто од испиотаниците рекле дека многу стравуваат од нуклеарната енергија. Околу 24 отсто покажале осреден страв, а дури 63 отсто остравуваат малку или воопшто не стравуваат од нуклеарната енергија.

Кличните кандидати за градење нови нукеларни централи во Чешка се јужнокорејската компанија KHNP и рускиот „Росатом“, забележува германската агенција DPA.