Чешката влада се распушта откако ѝ беше изгласана недоверба

Чешката влада под водство на премиерот Андреј Бавиш се согласи на распуштање во средата откако малцинскиот кабинет ја загуби довербата во парламентот на гласањето во вторникот.

Техничката влада ќе остане на функција што е задолжителен чекор во текот на преговорите за составување на алтернативна администрација коишто би можеле да траат со месеци дека партиите го избегнуваат Андреј Бабиш и неговата нова партија ANO која има мнозинство места во парламентот но нема сојузници за просто мнозинство.

„Владата го потврди распуштањето и ќе барам состанок со претседателот за лично да му ја предадам оставката“, рече Бабиш.

Претседателот Милош Земан изјави дека Бабиш повторно ќе го именува за мандатар за составување влада, но дека пред именувањето ќе побара од него да осигури најмалку 101 пратеник од вкупно 200-те. Составувањето на владата го отежнаа претседателските избори на коишто Земан се кандидираше и во првиот круг кој се одржа на минатата седмица води со 38,56 отсто од гласовите. Портпаролот на претседателот рече дека Земан ќе ја прифати оставката до крајот на работна седмица.

Чешкиот премиер, вториот најбогат човек во државата милијардер од словачко потекло, магнат во хемиската и прехранбената индустрија, обвинет е пред судот дека во 2007 година привремено издвоил една компанија од својата групација „Agrofert“ за да може да искористи субвенции од два милиона евра од Европската унија наменети за малите и средните претпријатија. Бабиш ги отфрла обвинувањата и бара да му биде симнат имунитетот, што го побараа и чешките органи.

„Сакаме да докажеме дека случајот е монтиран“, изјави Бабиш во вторникот претпладнето. по неговото сослушување пред парламентарната комисија задолжена за мандати и имунитет.

Во овој случај беше осуден, но стекна имунитет од кривичен прогон кога го доби местото во долниот дом во октомври на општите избори во кој неговата партија ANO е победник со ткн „широка маргина“ но не успеа да добие мнозинство.

Чешкиот парламент ќе одлучува дали на Бабиш ќе му биде одземен имунитетот во петокот.

Останатите осум партии во парламентот, меѓу кои повеќето помали, досега одбиваа секоја форма на соработка со ANO, и покрај што решавачката победа на партијата значи дека таа ќе биде во секоја одржлива влада, без разлика дали ќе биде предводена од Бабиш или некој друг.