Чешкиот претседател Милош Земан ја именуваше во средата втората влада на претприемачот Андреј Бабиш фирмирана со коалцирањето на неговото центристичко движење ANO и социјалдемократската партија ČSSD со преќутна согласност на комунистичката KSČМ.
„Нашата влада во прв ред ќе се бори за сигурноста на нашите граѓани, против илегалната имиграција и за нашите интереси во Европа. Нашата влада, исто така, ќе се бори против корупцијата, расипништвото и бирократијата“, изјави Бабиш на пригодната свеченост кај претседателот Земан.
Партијата ANO, на Андреј Бабиш вториот најбогат Чех од словачко потекло, основач на големата земјоделско-прехранбена компанија „Agrofert“ кој е споственик и на двата најголеми дневни всници во замјата, надмоќно победи на патламентарните избори во октомври 2017 година. Има 78 од 200-те мандати во долниот дом, додека ČSSD и KSČM имаат по петнаесетина.
Во декември Бабиш формираше еднопартиски кабинет, бидејќи не можеше да најде коалициски партнер, а во неговата влада велгоа голем број експерти. Сепак, неговата влада не доби доверба во парламентот во јануари годинава. Потоа започнаа преговорите за коалиција меѓу ANO и социјалдеморкатите кои траеја речиси пет месеци којашпто сега има вкупо 93 пратеници.
Лидееот на социјалдеморкатите Хан Гамачен, истовремено ќе раководи со министерствата за внатрешни и за надворешни рабори, бидејќи претседателот Земан го одби предлогот шеф на дипломатијата да биде Мирослав Плох.