Честички радиоактивен јод откриени во атмосферата на северот на Норвешка

Северната норвешка покраина Финмарк/EFE/MARIANNE LOEVLAND NORWAY OUT

Неопасни количества честички од радиоактивен јод откриени во покраината Финмарк, во северна Норвешка на границата со Русија, се анализираат една седмица по експлоијата во текот на тестирање на мотор за проектил во Архангелската област на рускиот Далечен исток, објави во четвртокот норвашката управа за нуклеарна и радијациска безбедност DSA.

„Мало количество радиоактивен јод е регистрирано во водухот кај напата станица во Сванховде во северна Норвешка. Откриеното ниво е многу ниско и не претставува закана за здравјето на луѓето или за животната средина“, се наведува во извештајот.

Управата истакнува дека зголеменото ниво е забележќано во примероците земени во периодот од 9-ти до 12-ти август. Норвешките станици за набљудување присуство на радиоактивен јод во атмосферата се регистрирало по шест до осум пати години, но изворот на овие појави не се познати, се додава во соопштението. Објавено е, исто така, дека не се откриени никакви други супстанции освен ход, како и дека за извор се сметаат производствените капацитети за производсто на радиоактивни фармацевтски препарати кои содржат јод.

„Во моментов не може да се утврди дали последното регистрирање јод е поврзано со несреќатата во Архангелск минатата седмица. DSA прпдплжуива да собира примероци и да врши анализи“, заклучуваат од норвешката агенција.

Руската државна метеоролошка служба соопштио дека нивото на радијација во Севернодвинск пораснала за 16 пати во текот на околу еден час, што не е опасно по здравјето, минатиот четврток, а лекарите кои им пружале помош на настраданите во несреќата биле испратени на прегледи во Москва, пренесе агенцијата ТАСС.

Минатиот четврток на полигонот на руското Министерство за одбрана во регионот Архангелск про тестирање на реактивен погонски систем на течен енергенс се случи експлозија со пожар. Министерството за одбрана првично извести за две жртви, додека државната атомска агенција „Росатом“ пријави пет загинати свои службеници кои биле отфлрени од поморската платформа. И воените и цивилните власти соопштија дека нивото на радијација не било зголемено.