Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ на граѓаните на Република Македонија од православна вероисповест им го честита големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.
Интегрален текст од честитката:
На овој голем празник православните христијани во Република Македонија го слават денот на големата заштитничка на нашиот народ Пресвета Богородица. Денес е денот кога мајката Божја не потсетува на безрезервната љубов и мајчинската грижа, трпеливоста, мирот и скромноста, чистината на човечката душа, но и не води кон вистинскиот пат по кој треба да чекори секој еден човек, секој еден христијанин.
Празнувајќи го овој голем ден покажуваме почит кон делото на мајката Божја кое низ вековите е длабоко вкоренето во нашата традиција и култура и токму тоа е она што ни дава духовна сила и не води кон патот на радоста.
На овој ден мора да покажеме разбирање и толеранција, да научиме да простуваме и да сакаме, да ги почитуваме највисоките морални вредности бидејќи само тоа е клучот кој води кон исполнет и среќен живот.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ на сите граѓани на Република Македонија од православна вероисповест им го честита овој голем празник и им посакува да го поминат во кругот на семејството и своите најблиски исполнет со среќа, радост и љубов.