Честитка од Талат Џафери по повод католички Божик

Талат Џафери
Талат Џафери

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, упати честитка до граѓаните кои го слават Божик според Грегоријанскиот календар.

Дозволете ми од мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Македонија, да го честитам големиот празник Божик на сите граѓани кои го слават по Грегоријански календар и воедно, да им посакам празникот да го поминат опкружени со сето она што го носи празничниот дух, убави и позитивни мисли, јасни пораки за соживот и взаемна почит меѓу сите, разбирање, спознавање и негување на вистинските човекови вредности, топлина во семејството, напредок и благосостојба за вас, за вашите најблиски и за сите граѓани на Република Македонија, стои во честитката.