Генералниот секретар на Меѓународната демократска унија (IDU), Ерик Моен, во писмо испратено до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го честита 26. роденден на македонската владејачка партија.
Почитувани пријатели од ВМРО ДПМНЕ, Почитуван Претседател на ВМРО ДПМНЕ г. Никола Груевски. Би сакал од името на меѓународната демократска унија – IDU да ви ја честитам годишнината од основањето на нашата сестринска партија ВМРО ДПМНЕ. IDU е најголема светска мрежа на центар десни и конзервативни партии. Ние сериозно ја цениме и вреднуваме улогата и активностите на ВМРО ДПМНЕ. Нашата подршка е силна за евроатлантска интеграција на Македонија, економски напредок и социјална благосостојва како и почитување на слободите и највисоките декомратски права на секој поединец. Под водство на ВМРО ДПМНЕ Македонија постигна сериозен напредок на многу полиња, резултатите се препознати од граѓаните на Македонија. Треба да се продолжи по овој пат и да се пресретнат и сругите предизвици кои стојат пред Македонија и убедени сме дека со мудрото водство на ВМРО ДПМНЕ тоа ќе успее, се вели во писмото од генералниот секретар на IDU.