Честојнова: Владата на СДСМ тоне во корупцијата

Неспособната Влада предводена од СДСМ тоне во скандали и корупција, а единствено нешто на коешто се фокусирани е личното богатење на партиските и државните функционери, обвини во петокот Павлинче Честојнова од ВМРО-ДПМНЕ/

Честојнова оцени дека „хаосот и катастрофата“ во сите области се резултат на непотизмот и срамното ангажирање на роднини, пријатели и кумашини на одговорни позиции кои се плаќаат со народни пари.

„Драги Рашковски, генералниот секретар на Владата на СДС е класичен поим за непотизам. Рашковски преку владата на СДС дели државни функции на блиски членови од неговото потесно семејство. Рашковски за директор на Бирото за јавни набавки, го назначи својот кумашин, Ѓорѓи Георгиевски, од Кочани, што покажува дека непотизмот во владата на СДС е главна одлика“, посочи како еден од примерите Честојнова.

Таа во името на ВМРО-ДПМНЕ го повика Рашковски да им одговори на граѓаните според кои услови е избран Ѓорги Георгиевски за директор на Бирото за јавни набавки.

Честојнова потсети на уште еден скандал поврзан со Рашковски, кога претходно седмицава за претседател на второ степената владина комисија за жалби ја назначи, Елена Начевска, мајка на неговата сопруга Вероника Начевска.

„Да потсетиме дека за да се реализираат ваквите незаконски дејствија Драги Рашковски го ангажираше својот кум Дејан Костиќ како правен застапник на Генералниот секретаријат на владата. При што неговата адвокатска канцеларија за неколку часови давање услуги наплаќаше неверојатни 36.788 денари, што значеше класично испумпување на средствата од Буџетот“, рече Честојнова.

Посочи дека во изминатите сто дена од воспоставувањето на новата власт спротивно на закон и сите правни процедури Владата на СДСМ именува и поставуваа партиски послушници, самопрогласени револуционери и некомпетентни кадри, а се разрешуваа и отпуштаа од работа докажани професионалци во институциите.

„СДС и Рашковски треба да знаат дека секое незаконско работење и прекршување на законот ќе биде ревидирано и сакционирано. За ваквиот начин на работење ќе има индивидулна и поединечна одоворност за секој оној кој се огрешил пред законот. Правната држава ќе се врати и секој ќе одговара за тоа што го сторил. На 15-ти октомври граѓаните ќе кажат НЕ, за бандитизмот, непотизмот и неодговорноста кои се главната одлика на СДС“, порача претставничката на ВМРО-ДПМНЕ.