Четири деца убиени во крвава семејна пресметка во Париз

Пет тела, вклучително и телата на четири деца на возраст од неколку месеци до 14 години, се пронајдени во париско предрградие, пренесува агенцијата AFP во саботата, повикувајќи се на обвинителството.

Според непотврдените информации од полицијата на француската престолнина, повредени се уште пет лица, од кои едно е во критична состојба.

Меѓу повредените е и лицето коешто е осомничено за жртвите. Мотивот за злосторството засега не се познати.

Телевизискиот канал TV BFM објави дека момче облеано во крв влегло во кафуле во предградието Ноаси-ле-Сек, североисточно од Париз, и побарало помош. Рекло дека роднина ги нападнал членовите на семејството со нож и чекан.

Весникот Le Parisien, повикувајќи се на соседи во департманот Сена-Сен-Дени, наведува дека според сѐ судејќи станува збор за семејна драма. Според нив, вујко на семејството кое потекнувало од Шри Ланка, ги нападнал мајката, која е една од смртно настраданите, и нејзините деца. Тој се наоѓал во кома, откако подоцна се обидел да си го одземе животот.