Четирите години владење на СДСМ се само дел од проектот за уништување на македонската држава, во која во секоја сфера сѐ е уништено, рушење на државата од темел, оцени во средата потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Александар Николоски, во гостувањето во емисијата „Што не е јасно“ во Алфа телевизија,
.„Во овие четири години сѐ се уништува не дека има национално предавство па се друго цвета, туку државата се руши на сите темели, корупција има како никогаш претходно, тоа ја руши државата од темел, здравството не функционира како никогаш претходно, образованието е целосно уништено, инфраструктура нема не се гради, километар автопат немаат изградено, асфалт немаат фрлено, а да не зборуваме за железници и аеродроми, спортот се уништи целосно, земјоделието е во слободен пад од тутунари преку млекари до се’ останато и плус националните предавства, и секој којшто следи ќе сфати дека се работи за проект, дека уништувањето не е случајно“, посочи Николоски.
Појасни дека станува збор за проект за уништување на македонската држава, таква каква што ја познаваат нејзините граѓани и светот, како и дека тој проект не е случаен, и само е одбран лик тоа да го реализира со неговите неспособности.
„Ова е битка којашто мора да ја добиеме како генерација, да ги тргнеме од власт, да ја стабилизираме прво државата, па потоа да ја градиме, единствената опција е ВМРО-ДПМНЕ, сето останато е глас за СДСМ, глас за помали политички партии е глас за СДСМ“, Николоски