![zagaduvanje indija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/12/zagaduvanje-indija.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Индија и Кина се двете земји во кои загаденоста на воздухот, водата и различните отрови на работните места убиваат најмногу луѓе: 2,3 односно 1,8 милиони луѓе во 2017 година, покажува извештајот објавен во средата.
И сиромашни и богати држави се наоѓаат меѓу десетте најзагадени земји, според извештајот на Global Alliance on Health and Pollution (GAHP). Во него се истакнува дека загадувањето е причина за 15 отсто до смртните сличаи кај возрасните лица во светот.
Зад Индија и Кина, се Нигерија, Индонезија и Пакистан. САД се седми со 200.000 смртни случаи годишно на 325 милиони жители.
„Овој извештај нѐ потсетува дека загадувањето е светска криза. Без оглед на тоа каде живеете, нема да му побегнете на загадувањето“, предупреди Рајчел Кипка, извршна директорка на споменатата организација.
Во однос на бројот на жителите, пак, Чад, Централноарфиканската Република и Северна Кореја имаат највисоки стапки на загадувањер, со 287, 251 и 202 смртни случаи на 100.000 жители.
Главните причини за загадувањето се недоволното прочистување на водите, загадувањето на воздухот со загревање или готвење и издувните гасови од возилата. На работата причини за смртните слуачи се чадот, гасот, ситните честички и изложеноста на олово.
На дното на оваа листа, меѓу петте најмалку загадени земји се наошаат на Арапскиот полуостров, со Катар која е најмалку зафадената држава.