![тепање Го претепале, па го фрлиле покрај Дебарско Езеро](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/05/tepanje.jpg?resize=620%2C330&ssl=1)
Четири вербални и истовремено физички напади се пријавени во текот на изминатото деноноќие на територијата на СВР Скопје.
Околу 03,30 часот во Скопје, 26-годишна жена од Скопје пријавила дека пред угостителски објект во селото Марино била физички нападната од нејзиниот дотогашен партнер, 31-годишниот Ј.К. од Скопје, поради тоа што ја прекинала врската.
Во 20.15 часот 46-годишниот Б.Ц. од Скопје, пријавил дека околу 13.00 часот на булеварот ,,АСНОМ“ во Скопје, неговата малолетна ќерка физички била нападната од М.А. од Скопје.
Во 04.10 часот 20-годишниот А.А. од Скопје, пријавил дека на улицата Горно Лисиче пред угостителски објект физички бил нападнат од едно лице.
Исто така, околу 04.25 часот 18-годишна девојка пријавила дека во населба Илинден пред пекара била физички нападната од С.М. со кого се познавала од претходно и имале недоразбирања во неколку наврати.
Се работи на расчистување на случаите.