Во 8 часот на Граничниот премин Долно Блаце, по барање на Интерпол од Сојузна Република Германија, од слобода бил лишен 29-годишниот Г.И. од Косово. Во 11.35 часот, со потврда за предавање на лице, тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Чаир за натамошна постапка.
Потоа, во 10,20 часот на меѓуградската автобуска станица во Охрид, поради сомнение дека нелегално престојува во Република Македонија и поради немање документи за идентификација, полициски службеници го привеле 55-годишниот Ј.Б. од Поградец.
Во 12.50 часот во селото Маково, општина Новаци, полициски службеници извршиле легитимирање на 44-годишниот Е.Т. од Република Албанија поради непријавен престој во Република Македонија, односно поради сторен прекршок според член 139 став 3 од Законот за странци. Тој бил приведен во Полициската станица за граничен премин Меџитлија и во 13,30 часот бил предаден на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка.
Во 16 часот на улицата „Париска“ во Скопје, по пријава за нарушување на јавниот ред и мир, како и констатиран илегалнен влез во Република Македонија, полициски службеници го привеле 47-годишниот Ф.Д. од Сојузна Република Германија. Тој бил задржан за понатамошна постапка.