За добар секс потребен ви е партнер и секако страст. Меѓутоа, иако е оваа формула е многу едноставна, постојат фактори кои сексот можат дополнително да го зачинат и да ве подигнат на повисоко ниво. Ви ги откриваме четирите лоши одлики во кревет кои покажуваат дека е време за драстични промени.
Секс по распоред
Иако е добро да се биде организаран и да се води сметка и за најмалата ситница, сексот никако не треба да биде на вашата листа на обврски. Можеби е многу тешко да издвоите време за романтично водење на љубов под свеќи, но она што никако не смеете да ги избугите е спонтаноста. Спонатниот секс е оној настраствениот, а доколку сакате повторно да го доживеете врвот, изненадете го својот партнер и тој ќе ви биде благодарен.
Секс на екс
Сексот на брзина може да биде многу страствен и посакуван, но ако секој ваш однос со партнерот трае само неколку минути треба да се запрашате- дали е тоа навистина се што можете да дадете од себе? Поради фактот што многу мажи ја прескокнуваат предиграта на вам ви останува да ја преземете контролата и да наметнете темпо кое ќе му се допадне. Никогаш не ја потценувајте предиграта!
Секс без страст
Ако сте и вие една од оние личности кои сексуалното уживање го мешаат со обврска која мораат да ја одработат за врската да биде успешна, а последниот оргазам сте го доживеале минатото лето, време е да промените нешто- проблемот не е во вас, туку во начинот на кој пристапувате. Предиграта, заведувањето и сите останати начини за распламнување на страста постојат со причина доколку сакате да дојдете до врвот, никако немојте да прескокнувате. Вашето тело препознава таква ситуација и она што на вистинскиот начин ќе реагира. Испотете се со партнерот и доживејте го оддамна заборавениот врв.
Секс како рутина
По одредено време поминато со партнерот, паровите веќе напамет знаат која е положбата во сексот најмногу им одговара или на кој начин најбрзо можат да дојдат до огразам. Иако тоа не е лоша работа, тенка е границата меѓу препознавањето на потребата на партнерот и монотонијата. Задржете ја својата рутина, но задолжително од време на време направете исклучок со кој ќе ги промените рутинските движења.