Четиригодишно девојче е убиено а уште четири други лица се ранети во украински напад со беспилотно летало во јужната руска област Белгород, изјави регионалниот гувернерпренесува Reuters повикувајќи се на објави на социјалнте мрежи и извештаи во руските медиуми.
Вјачеслав Гладков, пишувајќи на апликацијата за пораки Telegram, наведува дека автомобилот во кој се наоѓало девојчето, нејзините родители и баба и дедо бил нападнат во област во близина на границата со Украина.
Повредени се и останатите патници во автомобилот, а дедото на девојчето е во тешка состојба, додаде тој.
Гладков, исто така, рече дека украинските сили гранатирале три места во регионот, сите во близина на пограничниот град Шебекин, но нема информации за жртви.
Украинските вооружени сили редовно ги гранатираат централните и пограничните региони на Русија, изведуваат напади со беспилотни летала и вршат саботажа. Конкретно, во саботата украинско беспилотно летало нападнало семеен станбен објект во селото Городишче, во Курската област, при што загинаа пет лица, меѓу кои и две мали деца. Уште двајца членови од истото семејството се пренесени во болница во тешка состојба.
Во регионот на Белгород има високо ниво на терористичка закана. Должината на границата на регионот со Украина е 350 километри.