Четиринаесет мигранти, од Сирија, Иран и Ирак, меѓу кои три деца и едно бебе, биле пронајдени во петокот наутро во камион-ладилник кој се движел кон Кале во северна Франција, пренесува МИА, повикувајќи се на информација од префектурата од Па-де-Кале.
– Пет мажи, пет жени, три деца на возраст од седум до десет години, а бебето на петнаесет месеци, беа во каминот ладилник регистриран во Полска, контролиран во раните утрински часови, изјави портпаролот на префектурата.
Мигрантите биле лесно затруени од јаглерод моноксид и биле транспортирани во различни болници во близина за да бидат прегледани, изјави портпаролот. Сите се надвор од животна опасност.
На пристаништето Кале и тунелот под каналот Ла Манш, претставува еден од најбараните патишта за премин на мигрантите кон Англија.
Во моментов околу 6.000 мигранти живеат во несигурни услови во сиромашен кварт наречен “џунгла” источно од Кале, со надеж дека ќе успеат да преминат во Англија.